Алкалоид доминантно до „12 од 12“ во Супер-лигата

97

Алкалоид ја оправда улогата на фаворит против Струга, славеше со убедливи 17-29 и дојде до 12 победа во низа во Супер-лигата. Македонскиот првак ја продолжи доминацијата во групата А и остана единствен непоразен тим оваа сезона.

Избраниците на Кирил Лазаров беа одлични во одбраната, во првото полувреме примија само осум гола, додека во второто девет. На голот на македонскиот вицепрвак беше младиот Галевски, кој одлично ја вршеше својата задача и на оваа средба.

Листата на стрелци кај победникот ја сочинуваа Џонов, Младеновиќ и Савревски, кои имаа по четири погодоци. На другата страна Боњак имаше пет погодоци.

По 8-15 на одморот, Алкалоид ја продолжи доминацијата и во вториот дел, и на оваа средба дојде до двоцифрена победа изразена во 12 гола разлика.

По овој дуел, македонскиот вицепрвак целосно ќе се насочи кон Европската лига, а таму го чека пресметка против Војводина во претпоследното коло од групната фаза во ова натпреварување. Мечот во Нови Сад ќе биде и последно гостување.

ПретходноМилев: На реваншот во Германија ќе покажеме дека ова не е нашиот максимум
СледноАвстралија е прв финалист во Дејвис Купот