Денеска стартува 12. коло во Супер-лигата, на програмата се два меча. Единствениот тим без пораз после 11 одиграни натпревари, Алкалоид нова победа ќе бара против Струга на гостински терен, дуелот е закажан во 19 часот.
Македонскиот вицепрвак е лидер во групата А со максимални 33 бода, додека пак Струга е четвртопласирана екипа со 18 бода, пет помалку од тимот на ГРК Охрид кој се наоѓа на третата позиција. Стружани се борат да обезбедат место во плеј-офот.
Избраниците на Кирил Лазаров оваа средба ќе ја искористат за да се подготват максимално за мечот од Европската лига против Војводина следниот вторник.
На втората средба од денешната програма, Вардар Неготино е домаќин на Вардар, меч кој стартува во 18:30 часот. Вардар е лидер, додека пак Вардар Неготино е на последното место на табелата во групата Б.