Британски пилоти ќе го решаваат хаосот околу ВАР во Премиер-лигата

212

Пилоти на британски авиокомпании им помагаа на судиите во Премиер-лигата за да полесно се справат со хаосот околу ВАР во последните недели и контроверзните одлуки кои се носат по мешањето на судиите задолжени за технологијата.

Според Тајмс, помошта е да се подобри комуникацијата меѓу судиите кога тие работат под притисок. Специјалисти од британските авиокомпании направија презентација, чија цел е да се подобри прецизноста на јазикот што се користи за време на прегледите на ВАР. Ова доаѓа по погрешната комуникација што доведе до некои спектакуларни грешки во почетокот на сезоната, а најдобар пример за тоа беше поништениот гол на Луис Дијаз во дербито Ливерпул-Тотенхем.

За време на презентацијата, пилотите ја објасниле потребата од јасност и прецизност во говорот на официјалните лица. Тие, исто така, ја истакнаа важноста од користење што е можно помалку слогови, како и избегнување на жаргон и неформални изрази.

ПретходноЧелзи е подготвен да одвои 100 милиони евра за Кварацкелија
СледноПиоли повика 15-годишен напаѓач за мечот со Фиорентина