Подмладување! Тоа е она што ќе и се случи или случува на македонската фудбалска репрезентација во периодот кој следи. Тоа го најави селекторот Благоја Милевски кој и официјално по дуелот со Англија не е овеќе на оваа функција но има најава дека ќе добие нов договор, нови две години.
Аријан Адеми!? Дали капитенот на Динамо Загреб и еден од нашите најдобри играчи за врска во историјата ќе продолжи да игра за националниот тим. Фудбалерот кој е најтрофеен од сите наши репрезентативци како да заминува на мала врата, разочаран, тажен…
Момент по дуелот со Англија. Аријан Адеми цел меч е на клупа, во Италија заменет на полувреме при 3:0 за противникот. Клупата на Македомнија влета на теренот и со играчите ги славеа добрите 1:1 со „гордиот албион“. Аријан Адеми со наведната клава од клупата се упати во соблекувалната.
„Ме радува кога гледам дека не се радувате на реми со Англија“, се слушнаа зборовите на Благоја Милевски по мечот во соблекувалната. Зборови кои како да беа насочени кон Адеми кој беше единствен кој не му стана на Благоја Милевски кога овој почна да се поздравува со фудбалерите.
И да не е добар, и да не е во плановите во иднина! Не смее да се има ваков третман кон еден играч каков што е Аријан Адеми. Може не е во топ форма, но неговиот минат труд во националниот тим заслужува респект.
По сето ова мали се шансите Аријан Адеми да продолжи со настапите во националниот тим. Ова „подмладувањето“, сигурно ќе удри и по Илија Несторовски а на „пик“ како да е и Александар Трајковски. Стефан Ристовски исто така, Дарко Велковски ја нема таа среќа како некои, да биде во тимот иако нема клуб. Барем се има таков впечаток, гледано од страна.
Ќе подмладуваме, но од каде – со кого!? Младите селекции а посебно оваа до 21 година е очајна и безнадежна со начинот на кој игра и од резултатите под водство на Драган Канатларовски.
Сега, претходно и во иднина – резултатите се тие кои се бројат и кои се репер за правилната насока на една репрезентација. Нема млади и стари! Само добри и лоши…! Да не измислуваме „топла вода“ затоа што во фудбалот се е измислено.