Данскиот второлигаш Сондерјиске во чии редови настапуваат нашите интернационалци Иван Николов и Сефер Емини и натаму реди победи. Денеска во меч од 17. коло на данската Втора лига, Сондерјиске го прегази Наествед со 4:1, а Сефер Емини беше стрелец на водечкиот гол за домашните.
Иван Николов мечот го почна од клупата, но доби шанса да го одигра комплетното второ полувреме. Емини како стрелец ја напушти играта во 83. минута. Со оваа победа екипата на Сондерјиске е лидер во Втората лига и сериозен кандидат за пласман во елитата следната сезона.