Кошаркарите на Црвена звезда претрпеа тежок пораз на домашен терен во еден од последните денешни дуел од 10. коло во Евролигата. Олимпија Милано славеше со резултат 93:71 на гостински терен во Белград.
Домашните дефинитивно нема решение за италијанскиот шампион и на крајот го претрпеа петтиот последователен пораз во меѓусебните дуели.
„Црвено-белите“ го одиграа еден од најслабите мечеви оваа сезона и влегоа во „машината“ и бавното темпо на Еторе Месина. На крајот гостите знаеја како да го приведат мечот во своја полза и да дојдат и до неочекувано висок триумф.
Мадо Ло брилјираше постигнувајќи 32 поени. Шилдс додаде 19, Мели 11, а Миротиќ имаше осум. Кај Звезда 18 поени за Давидовац и 16 за Недовиќ.
Во останатите дуели денеска, Монако славеше на гости кај Басконија со 75:77, додека Олимпијакос дома го победи Жалгирис со 89:72.