Оскар Писториус по речиси 11 години излегува на слобода

426

Поранешниот параолимписки шампион Оскар Писториус ќе биде пуштен од затвор во кој помина речиси единаесет години. Тој беше осуден на затворска казна поради убиство на својата девојка Рив Стенкамп во 2013 година.
Тогаш Писториус се бранеше дека не знаел дека се работи за неговата девојка туку мислел дека се работи за крадец, но со тоа не го убедил јужноафриканскиот суд кој го осуди на 13 години затвор.
Судот сега донесе одлука Писториус да добие условна слобода, а ќе излезе од затвор на 5 јануари идната година.
Писториус има златен медал на трките на 200 метри на Параолимписките игри во 2004 година како и бронзен медал на 100 метри. Четири години подоцна на следните Игри беше „златен“ во двете дисциплини. И понатаму е сопственик на рекорди на 100 и 200 метри.

ПретходноГвардиола: Ќе останам во Сити дури и ако бидеме исфрлени од Премиер лигата
СледноГолманот на Пелистер во топ 3 одбрани во ракометната ЛШ