Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е принуден да бара фудбалери во младинскиот тим затоа што дел од првотимците му се повредени. За утрешниот двобој со Фиорентина, Пиоли го стави на списокот 15-годишниот напаѓач Франческо Камарда, кој е биде поддршката за Лука Јовиќ.
„Се наоѓаме во комплицирана ситуација, но треба да бидеме обединети и да излеземе како победници. Тимот на Фиорентина секогаш ни правел проблеми, па ќе мора да играме на највисоко ниво. Имаме проблеми со повредени играчи и секоја година се трудиме таа бројка да биде што е можно помала. Секој играч си има своја историја. Некои се повредуваат затоа што играат многу, а други затоа што играат малку.
За Камарда можам да кажам дека талентот нема возраст. Тој е млад, но карактерно зрел. Тој е спремен да помогне. Со Јовиќ зборуваме секојдневно за неговата улога и за моите очекувања од него. Знам дека може подобро. Знам дека бевме казнети за своите мани, но не сме го загубиле духот. Треба да продолжиме да работиме за повторно да станеме конкурентни“, изјави Пиоли.
Камарда е на списокот затоа што претходно „отпаднаа“ Рафаел Леао, Ноа Окафор, а Жиру е суспендиран. „Росонерите“ добија зелено светло од раководните луѓе на ФИГЦ со оглед на возраста на Камарда.
А ова момче сезона постигна седум гола во 13 мечеви за У19 тимот на Милан, а ако заигра против Фиорентина ќе стане најмладиот фудбалер во Серија А. Камарда ќе има 15 години, 8 месеци и 15 дена и со тоа ќе го подобри рекордот на Виздом Ејми кој во 2021 година дебитираше за Болоња со 15 години, 9 месеци и 1 ден.