Германскиот весник „Билд“ објави дека репрезентативците на Германија имаат низа проблеми со начинот на работа и стратегијата на 36-годишниот селектор, Јулијан Нагелсман.
Нагелсман ја започнна својата прва селекторска работа со два порази и тоа од Турција (3:2) и Австрија (2:0).
Според извештајот на весникот, неколку играчи не веруваат дека Нагелсман е подготвен за селекторска работа, бидејќи тој применува клупски методи во својата работа. Фудбалерите не веруваат во него, а исто така имаат проблем и со неговите комплицирани тактички решенија за натпреварите. Тие побарале од Федерацијата да разговара со него и да ги поедностави своите идеи.
Некои од играчите, како Каи Хаверц, реагираа и на промените на позициите на кои играа на последните средби.