Англиски Њукасл во јануарскиот преоден рок ќе може да го позајми Кристијано Роналдо од Ал Наср или да го врати Александар Митровиќ во Англија, според последната одлука која ја донесоа претставниците на 20 клубови од Премиер лигата. „Страчките“ ќе можат да се засилат со кој било играч од Ал Хилал, Ал Итихад или Ал Ахли, клубови чиј сопственик е Фондот за јавни инвестиции на С. Арабија, кој е мнозински сопственик и на Њукасл.
Според некои информации, шеиците кои се задолжени за инвестиции во Њукасл веќе предложиле Роналдо или Митровиќ да се преселат на 6 месеци во Њукасл. Прашање е дали клупските раководства на овие три клуба ќе се сложат со понудата, но повеќе од сигурно е дека Англичаните ќе го позајмат Рубен Невеш, кој ќе биде замената за суспендираниот Тонали.