Родриго мета на расистички напади на социјалните мрежи

160

Бразилскиот напаѓач Родриго изјави дека е жртва на расистички напади на социјалните мрежи, два дена по поразот на Бразил од Аргентина (0-1) на стадионот Маракана.

„Расистите секогаш се тука. Моите социјални мрежи се блокирани од расистички навреди и секакви глупости“, објави напаѓачот на Реал Мадрид.

Неофицијално, неговиот профил бил „украсен“ со банани и мајмуни, поради што фудбалерот размислува да се превземе правни мерки.

„Ако не го правиме она што тие го сакаат, ако не ја спуштиме главата кога не напаѓаат, ако носиме нешто што им смета, расистите со своите коментари стапуваат во акција. Да знаат дека нема само да стоиме“, нагласи фудбалерот.

Неговите соиграчи од репрезентацијата, како Нејмар и Винисиус Жуниор, кој и самиот е редовна мета на расистички напади во Шпанија каде и да игра со Реал Мадрид, ја изразија својата солидарност со напаѓачот.

„Никогаш не престанувај“, е дел од пораката на Нејмар на Инстаграм.

ПретходноДали Македонија останува без Аријан Адеми!?
СледноЛегендата со шокантна изјава: Тимови како Македонија, Косово, Црна Гора…се бескорисни – не треба да ги гледаме!