Скопските „црвено-црни“ без проблеми во Неготино

156

Ракометарите на Вардар 1961 успеаја со убедливи 22:35 да слават на гостувањето во Неготино против својот „имењак“ и да ја запишат новата победа во првиот меч од 12. Коло во домашната Суперлига.

Освен во првите неколку минути кога гостите фаќаа залет, домашните и не успеаја да бидат достоен ривал на противникот. Вардар на полувреме веќе имаше предност од 12:17 и најави дека во вториот дел ќе дојде и до поубедлив триумф, што и се оствари.

До крајот на мечот скопјани го диктираа темпото за висока победа од 13 голови разлика. Ќосевски постигна 8 гола во дресот на Вардар 1961, додека кај домашните Адамовиќ имаше 9 погодоци.

ПретходноБарса утре без Тер Штеген на гости кај Столе и Рајо Ваљекано
СледноМилев: На реваншот во Германија ќе покажеме дека ова не е нашиот максимум