Струмица лесно и против Фит Фан Волеј, максимални победи за фаворитите

66

Со убедливи победи на фаворитите беше заокружено 8. коло од домашното првенство во женска конкуренција. Иако очекувавме за нијанса поинтересен дуел, лидерот Струмица лесно се прошета на дуелот со Фит Фан Волеј во Скопје обезбедувајќи ја и осмата сезонска победа која ги остава струмичанки на врвот на првенствената табела.

Сигурни настапи имаа и шампионот Работнички и вицепрвакот Јанта Волеј, како и вториот струмички состав Наковски Волеј, кој годинава игра одлична одбојка и сосема заслужено е на второто место на табелата.

Прва лига – жени / 8. коло

Работнички – Младост УДГ         3:0 (25:13, 25:18, 25:22)

Фит Фан Волеј – Струмица          0:3 (22:25, 17:25, 15:25)

Наковски В. – Вардар 2019         3:0 (25:13, 25:12, 25:5)

Jанта Волеј – Вардар ЕМ             3:0 (25:16, 25:17, 25:22)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (23); 2. Наковски В. (21); 3. Јанта Волеј (17); 4. Работнички (16); 5. Младост УДГ (8); 6. Фит Фан Волеј (7); 7. Вардар ЕМ (4); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноХаланд е гол машина но не и кога игра против Ливерпул
СледноШвеѓаните го барале екс-тренерот на Челзи за селектор, а тој ги одбил