Убав гест на „Комити“: Цел приход од мечот со Силекс оди за опожарена куќа на член на „Чкембари“

1638

Иако се лути ривали на трибините, навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“ во лошо секогаш знаат да си подадат рака. „Комити“ денеска излегоа со официјална информација дека комплетниот приход од гостувањето во Кратово за мечот со Силекс кој е на програмата в недела ќе го донираат за членот на н.г. ,,Чкембари Битола”, кој при пожар го загуби сопствениот дом.

Финансиските средства, банкарски ќе бидат префрлени веднаш во понеделник, велат од „Комити“.
И навивачката група „Чкембари“ претходно се огаси со повик за собирање средства за опожарената куќа на еден нивни член.
ПретходноШвеѓаните го барале екс-тренерот на Челзи за селектор, а тој ги одбил
СледноБарса утре без Тер Штеген на гости кај Столе и Рајо Ваљекано