УЕФА го казни Селтик со парична казна од 17.500 евра поради неговите фанови кои на мечот од Лигата на Шампионите и дадоа поддршка на Палестина по последните настани на Блискиот исток.
Имено иако пред мечот со Атлетико Мадрид, раководството на клубот ги замоли своите фанови да не внесуваат знамиња и транспаренти на трибините, тие тоа го сторија и во текот на целиот меч мафтаа со таквите знамиња на кои пишуваше „Слобода за Палестина“.
Во образложението за казната, од УЕФА напоменаа дека навивачите на Селтик со тоа пренесувале навредливи и провокативни пораки.