„Цунами Демократија“: Гвардиола обвинет за учество во терористичка организација!?

887

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, е осомничен за соработка со движењето „Цунами демократијата“, кое се залага за независност на Каталонија, а кое е под истрага од шпанските органи под обвинение за тероризам. 

Соопштено е дека ова движење е обвинето и за организирање на големата кампања насочена кон промовирање на идеи за каталонска независност преку шпанските медиуми и политичарите кои заземаат највисоки позиции во општеството. Се нагласува дека Гвардиола без двоумење се согласил да му помогне на ова движење и се приклучил на неговите барања, населението на Каталонија да се побуни против шпанската држава.

Шпанската влада претходно го опиша движењето како „криминална организација која ги охрабрува луѓето да вршат терористички напади“.

ПретходноБаварците со голот на Кејн славеа против Келн (ВИДЕО)
СледноГоран Здравков: Шкендија е квалитетна екипа, но Брегалница мора да оди по трите бода!