Швеѓаните го барале екс-тренерот на Челзи за селектор, а тој ги одбил

98

Шведскиот „Афтонбладет“ пренесе информација дека Фудбалската федерација на Шведска му понудила селекторска функција на Грем Потер, поранешниот тренер на Челзи.
Меѓутоа Потер ја одбил работата со образложение дека целта му е да работи во клуб и дека моментално не го интересира работа со репрезентација. Претходно Потер во Шведска поминал седум години како тренер на Остерсунд од 2011 до 2018 година.
Инаку клупата на Шведска е испразнета по оставката на Јане Андерсон поради неуспехот во квалификациите за ЕП 2024.
Потер е без работа од април кога доби отказ во Челзи, а претходно успешно го водеше Брајтон.

ПретходноСтрумица лесно и против Фит Фан Волеј, максимални победи за фаворитите
СледноУбав гест на „Комити“: Цел приход од мечот со Силекс оди за опожарена куќа на член на „Чкембари“