Фудбалерите на Баерн Минхен го совладаа тимот на Келн како гости со резултат 1:0 во 12. коло од германската Бундес лига.
Од самиот почеток на мечот Баварците ја презедоа иницијативата на теренот, но домаќинот успешно се бранеше.
Деталот кој го реши натпреварот се случи во 20. Минута. Чупо-Мотинг биеше, топката се одби од еден од домашните играчи, ј априфати Кејн и ја смести во празната мрежа.
До крајот Сане и Коман имаа 100% шанси да ја потврдат победата, но резултатот остана непроменет.
Шампионот е на чело на Бундеслигата со 32 бода, додека Келн е последен со шест.