Капинковски и Мишов стигнаа до историска победа со Самтредија

814

Во грузискиот шампионат Самтредија го совлада аутсајдерот Шукура со 0:9 што е историски резултат за поранешниот грузиски шампион. Првите два гола ги постигна македонскиот интернационалец Александар Мишов (15 и 19 минута).
А тренер на Самтредија е нашиот стратег Димитар Капинковски кој со овој триумф ја прекина серијата на лоши резултати. Со овие три бода Самтредија се искачи на осмото место на табелата по 34 одиграни кола но се уште е во опасната зона, а до крајот има уште две кола.
Идното коло ќе игра со директниот конкурент за опстанок Гагра, а потоа уште еднаш со Самгурали.

ПретходноПикси си ја отвори душата: Добро бе, како не ви е срам…
СледноЧелзи е подготвен да одвои 100 милиони евра за Кварацкелија