Македонија има светски првак: Бобан Илиоски со закити со златен медал на СП во кик бокс!

1006

Браво, браво. Така се бранат боите на нашата земја, на Македонија. Бобан Илиоски денека стана светски првак, на Македонија и го донесе златото со победата во финалето на СП во Португалија, против Нурбек Уришбоев од Азербејџа и тоа убедливо со 3:0.

Ова е фантастичен успех на нашиот најдобар кикбоксер во овој момент.

По вчерашната победа во полуфиналето, селекторот Дејан Митровски – Урко порача дека со среброто не се задоволуваат и дека ќе се оди по златото во големото финале.

Така и бидна, Бобан Илиоски е светски првак, се закити со златото.

ПретходноМакедонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за квалификациите за СП?!
СледноМилер со својата одлука ги шокираше сите во Минхен: Нема љубов без добри бројки!