Откако за нас завршија овие квалификации за ЕУРО 2024, следен предизвик ќе бидат настапите во Лигата Нации, а потоа се разбира со нетрпение ќе ги очекуваме и квалификациите за СП во 2026, кое ќе се одржи во Канада, САД и Мексико и тоа за првпат со 48 учесници.
Нашата најдобра фудбалска селекција, ждрепката за квалификациите за Мундијалот ќе ја дочека од третиот шешир, не се очекуваа да падне во четвртиот, а за вториот се знае дека сме далеку од таа позиција.
Во тој трет шешир ќе бидеме со селекциите на Грција, Албанија, Словенија, Финска, Ирска, БиХ, Црна Гора, Исланд, Израел, Грузија…
Значи со овие селекции нема да можеме да се паднеме.
Инаку се знае дека Европа на Мундијалот ќе “прати“ 16 селекции.
Во квалификациите ќе има 12 групи. Во шест групи ќе има по пет селекции и во шест групи ќе има по четири селекции.
Првопласираните 12 репрезентации ќе се пласираат директно на СП 2026, додека второпласираните 12 заедно со оние 4 селекции од Лига Нации кои не се пласирале, значи вкупно 16 селекции за преостанатите 4 места кои ќе водат на Мундијалот.