Нов пораз за кошаркарите на Партизан во Евролигата. Шестиот севкупен дојде во Истанбул, откако вечерва екипата на Анадолу ефес со фуриозна последна четвртина успеа да дојде до клучна предност за триумф. Иако Партизан имаше 10 поени предност на почетокот на последниот дел, Ефес денеска го имаше Ларкин, кој беше немилосрден кон кошот на белграѓани и на крајот им донесе победа на своите кошаркари со 100:94.
Одлучија загубените топки, а Партизан на овој натпревар ги имаше дури 20.
Шејн Ларкин постигна 27 поени, а Дариус Томпсон додаде 18 кај победникот, додрека кај Партизан 24 поени имаше зад името на Камински, Доужер додаде 21, а Нанели 16.