Специјалната Олимпијада на Македонија ќе ја одбележи европската кошаркарска недела

104

Специјална Олимпијада на Македонија заедно со КФСМ го организира дваесеттото издание на Европската кошаркарска недела.

Европската кошаркарска недела 2023 ќе опфати 3Х3 basketball во чии рамки лицата со интелектуална попреченост ќе се натпреваруваат заедно со нивните партнери во Јунифајд (Unified) тимови.

Преку заземање активно учество на атлетите во Европската недела на кошарката, заедно со ФИБА и Кошаркарската Евролига, Специјална Олимпијада на Македонија повикува на еднаквост и ја нагласува потребата за еднакви можности за сите.

Овој настан ќе се одржи на 25. ноември со почеток во 9 часот во СРЦ „Кале“.

ПретходноСо објавување на нов конкурс, ФОНДАЦИЈАТА ЕДУКАТА ќе стипендира уште десет нови студенти
СледноМакедонија од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за квалификациите за СП?!