Челзи е се позаинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Квича Кварацкелија. Репрезентативецот на Грузија важи за еден од најдобрите играчи на својата позиција во Европа и е многу посакуван на „Стемфорд Бриџ“.
Челзи наводно е подготвен да направи силен потег. Намерата на Наполи е да ја задржи својата ѕвезда и да стави цена од 100 милиони евра за него, нешто што не ги плаши лондончани бидејќи се подготвени да издвојат толкава сума на пари.
Сепак, клубот има загриженост поради барањата за финансиски фер-плеј и ова може да биде голем проблем пред евентуален договор.
22-годишниот фудбалер беше едно од големите откритија на Наполи минатата сезона. Грузиецот беше потпишан за скромна сума од 13,5 милиони евра, но стана клучен играч на патот кон освојување на Скудетото. До сега за наполитанците има одиграно 58 натпревари, 17 гола и 22 асистенции.