Србија се пласираше во полуфиналето на Дејвис купот откако во Малага ја совлада Велика Британија со 2:0. Вториот бод го донесе Новак Ѓоковиќ кој лесно го совлада Камерон Нори со 6:4, 6:4. Тенисерот број еден во светот имаше многу повеќе проблеми со публиката, но и со организаторите. По натпреварот тој објасни зошто.
„Сè уште ја немам направено целосната допинг контрола, треба да дадам крв. Имав кратка расправија со луѓето од антидопинг агенцијата. Не верував дека донеле таква одлука, за 20 и повеќе години од мојата кариера никогаш не ми се случило на час и половина пред мечот да одам на допинг контрола. Јас имам своја рутина, сето ова ми го одзема вниманието, треба размислувам за тоа дали можам да дадам урина во тој момент“, рече тој.
Ноле го поддржување тестирањето но тоа треба да биде после меч, а не пред како во неговиот случај.
„Ова е невидено, не разбираат што се случува овде, дека е спорт во прашање, не може само да кажат: Ајде, што ти е, даваш крв, мочаш..“.