Борец ја доби драмата со Јанта Волеј, Работнички достојно парираше во Струмица

132

Вчера и денеска беа одиграни најголемиот дел од мечевите во 7. коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Дербито меѓу Универзитет во Тетово и Штип УДГ е закажано за в понеделник, а од денешните дуели некако најинтересно беше на дуелот меѓу јанта Волеј и Борец, каде гостите однесоа максимална победа од 3:0, но сите три сета се одиграа на разлика. Вистинска драма имаше на оваа средба затоа што во секој од сетовите поен решаваше за освојувачот. Среќата и концентрацијата беше на страна на гостите кои во сите три сета излегоа како победници.

Лирија однесе максимална победа над Вардар, Весна Пробиштип беше подобра од Сушево, а Струмица само во еден сет имаше проблеми со Работнички 71&22. лесно до трите бода стигна и Шкендија во дуелот со Македонија Џио.

Прва лига (мажи), 7. коло

Сушево – Весна Пробиштип                0:3 (16:25, 25:27, 17:25)

Лирија – Вардар                                  3:0 (25:8, 25:7, 25:10)

Струмица 47&72 – Работнички 71&22 3:0 (28:26, 25:17, 25:19)

Јанта волеј – ГОК Борец                      0:3 (25:27, 24:26, 30:32)

Шкендија – Македонија Џио                3:0 (25:11, 25:14, 25:6)

Понеделник: 

Универзитет во Тетово – Штип УДГ

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (21); 2. Лирија (17); 3. Штип УДГ (15); 4. Универзитет во Тетово (12); 5. Работнички 71&22 (12); 6. Шкендија (12); 7. Весна Пробиштип (12); 8. Борец (9); 9. Јанта Волеј (6); 10. Сушево (4); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноНеочекуван јунак го однесе Арсенал на врвот во Премиер-лигата (ВИДЕО)
СледноОхрид го дoби дербито со Тиквеш