Пелистер дојде до планираните бодови против Бутел Скопје на гостински терен. Актуелниот македонски првак се намачи за да дојде до победата, бидејќи домашниот тим беше силно мотивиран и не дозволи лесна прошетка на фаворитот. Крајниот резултат беше 30-32.
Ракометарите на Бутел скопје имаа водство во голем дел од првото полувреме. Поведоа со 4-1, па со 5-2. Гостите со серија од 3-0 изедначија на 8-8, но повторно Бутел Скопје најде начин како да ја врати позитивата. Пред одморот водеше со 13-11, но битолчани изедначија на 13-13.
Серија од 4-0 беше доволна за Пелистер да приреди целосен пресврт и на дело да покаже зошто е актуелен првак. Битолчани поведоа со 15-19 и од овој момент не му дозволија на противникот да се врати во дуелот.
Петровиќ со осум гола го предводеше Пелистер, кај домаќинот исто толку погодоци имаше Николов.