Феноменалниот Јокиќ го одигра мечот на сезоната, но „Бејби Јокиќ“ повторно го победи (ВИДЕО)

1733
Foto: Profimedia

Никола Јокиќ одигра уште еден меч за паметење во НБА лигата. Српскиот репрезентативец против Хјустон зад своето име запиша 38 поени, 19 скока, осум асистенции и три украдени топки, но за жал ваквиот учинок не беше доволен за победа. Денвер загуби на гости кај Хјустон и тоа убедливо со 105:86.

Кај Хјустон прво име беше Алперен Шенгун или „Бејби Јокиќ“. Шенгун кој има само 21 година заврши со 21 поени, 15 скока, осум асистенции и две украдени топки. Младиот турски кошаркар успева да се радува на последните три меча против Јокиќ.

Резултати: Орландо – Бостон 113:96, Мемфис – Феникс 89:110, Њујорк – Мајами 100:98, Торонто – Чикаго 121:108, Индијана – Детроит 136:113, Милвоки – Вашингтон 131:128, Минесота – Сакраменто 111:124, Голден Стејт – Сан Антонио 118:112, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106:116.

ПретходноЕвро-купови: Јошко и ПАОК, конечно, се радуваа, Савовски најдобар во поразот на Војводина
СледноМетоди Максимов: Не криеме дека сакаме победа во Штип!