Беласица го прогласи судијата Левески за играч на мечот, Вардар Н. со реакција: Боли а?

2413

Беласица загуби на гостински терен кај Вардар Неготино со 1-0 во рамките на 13 коло во Втората лига. Ова беше петти пораз за гостинскиот тим оваа сезона, а се чини од раководството и сите во клубот не се задоволни од крајниот исход, па на својата „Фејсбук“ страница споделија фотографија од главниот судија на овој меч Димитар Левески прогласувајќи го за играч на натпреварот.

По оваа објава следеше и реакција од страна на противникот, кој се огласи кратко по слијата прашувајќи: Боли А?

ПретходноДејвис Куп: Ѓоковиќ загуби два меча во еден ден, Италија преку Србија до финале
СледноЕлмас: Мацари направи неверојатна работа, му благодарам на Осимен!