Макс Верстапен, старо – новиот светски првак во Формула 1, дојде до пол – позицијата во Абу Даби, и утре ќе стартува прв во последната трка во оваа календарска година 2023 во Ф1.
Едноставно Холанѓанецот со својот Ред Бул уште еднаш ја потврди својата класа за 12-та пол – позиција сезонава.
На второто место се пласира Шарл Леклер на Ферари а трет утре ќе стартува Оскар Пјастри на Мекларен.