Верстапен опоменат: Не смее да се претркува на излез од боксот!

81

Директорот на трките во Формула 1, Нилс Витич реагираше на постапките на Верстапен на излезот од боксот на тренинзите пред трката за ГН На Абу Даби.

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги престигна ривалите од Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел, како и возачот на Алпин, Пјер Гасли, на излезот од боксот и се пожали дека го „блокирале“ и „се обиделе да го турнат во ѕид“.

Нилс Витич ги ажурираше упатствата за Големата награда на Абу Даби кои се испраќаат до сите тимови. На возачите им е објаснето дека е забрането престигнување на излез од боксот, освен ако болидот на противникот успорува поради очигледен проблем.

ПретходноЛекарите нe му дозволија на Жоан Мир да вози во Валенсија по тешкиот пад на тренингот
СледноПолувреме во Штип: Елези со убав гол за водство на Шкендија! (ВИДЕО)