ВМФЛ: Лидерот на мегдан со Тетекс, Детонит го дочекува Охрид а Пелистер мора до бодови против Башкими

175

 

Денеска од 13 часот се играат сите осум средби од 13.коло во ВМФЛ. Во преден план се три средби, првата е онаа во Врапчиште каде Беса го дочекува Тетекс. Без разлика што и да направи,тимот од Добри Дол и натаму ќе биде лидер зошто во пресрет на ова колоима +5 пред второпласираниот Детонит.

А радовишани на свој терен се среќава со Охрид, тим кој исто така има амбиции за пласман меѓу првите три екипи. И во Битола, Пелистер го дочекува Башкими. Кумановци покажаа дека можат било кого да изненадат, но затоа Пелистер мора, ама баш мора до победа.

На останатите средби Кожув не би требало да има проблем со составот на Саса, интересни ќе биде во Струга каде Караорман го дочекува тимот на Новаци, а Беласица гостува во Неготино кај Вардар. На Автокоманда домашниот состав на Скопје се среќава со Осогово и во последниот меч Арсими игра со Победа.

ДВОЈКИ ЗА 13.КОЛО ВО ВМФЛ – ДЕНЕСКА 13 Ч

Детонит – Охрид

Кожув – Саса

Караорман – Новаци

Вардар (Н) – Беласица

Скопје – Осогово

Арсими – Победа

Пелистер – Башкими

Беса – Тетекс

ТАБЕЛА

Беса 31, Детонит 26, Пелистер 24, Беласица 20, Охрид 20, Кожув 17, Тетекс 17, Башкими 17, Арсими 16, Новаци 16, Победа 15, Вардар (Н) 12, Скопје 12, Осогово 11, Караорман 10, Саса 7…бодови

ПретходноКлоп во свој стил ја искоментира серијата на Сити
СледноНовото коло тргнува во Василево, дербито во понеделник во Тетово