Во одлична атмосфера ракометарките ја завршуваат ЕХФ неделата (ФОТО)

146

Македонската женска ракометна репрезентација полека ја завршува ЕХФ неделата. Селекторот на „црвено-жолтите“, Кристијан Грчевски за овој собир повика комбиниран состав, поточно ракометарки кои настапуваат во домашниот шампионат.

Покрај редовните тренинзи, „билдање“ на тимскиот „дух“ и подготовка за следните квалификациски дуели за ЕП 2024, во програмата беа и две пријателски средби против Велика Британија од затворен тип. Еден од дуелите е закажан за денеска.

Македонија има две победи на стартот на евро-квалификациите, го дели првото место со Шпанија и се наоѓа на добар пат да завери ново големо натпреварување.

ПретходноНовото коло тргнува во Василево, дербито во понеделник во Тетово
СледноКФСМ ќе биде организатор на две европски од „Б“ дивизијата