Дождот кој обилно врне од ноќеска во најголемиот дел од земјава е причина за проблеми во организацијата и одигрувањето на некои од фудбалските натпревари од тековното 13. коло во Втората македонската фудбалска лига.
Како што предмалку потврдија од Фудбалската федерација на Македонија, натпреварите ФК БЕСА – ФК ТЕТЕКС и ФК СКОПЈЕ – ФК ОСОГОВО кои требаше да се одиграат денеска, се одложуваат поради лоши временски услови и обилен дожд.
Новиот термин за одигрување на овие два меча е 27. ноември (понеделник) од 13:00 часот.