Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, со пораз ги почна настарпите со словенечкиот шампион АЦХ Волеј во новата сезона од Лигата на шампионите. Во рамките на 1. коло од групната фаза, словенечкиот тим имаше силно и тешко гостување во Италија кај екипата на Трентино, која на крајот славеше со 3:1. Ѓорѓиев беше на свое посакувано ниво и мечот го заврши со 18 поени (1 блок+1 ас).
По лошиот старт на сезоната во грчкиот шампионат, ПАОК на нашиот селектор Јошко Миленкоски оствари убедлива победа на гостински терен кај хрватскиот шампион Младост (0:3). ПАОК кончено добива една вистинска форма и оваа победа за момците на Миленкоски може да биде вистински патоказ за продолжението на сезоната.
Одлично издание во Купот на ЦЕВ имаше и Лувен од Белгија во чии редови настапува и нашиот Маџунков. Белгијците се враќаат со голема победа од 3:0 од гостувањето во Белград пред реваншот кој ќе го играат на домашен терен. Маџунков не доби шанса на овој меч.
Мало разочарување е убедливиот пораз на Војводина и нашиот Филип Савовски на домашен терен од шпанскиот тим Рио Дуерто. Гостите однесоа победа од 3.0 која со една нога ги носи во следната фаза. Савовски мечот го заврши со 13 поени и беше убедливо најдобар во својот тим.