Елмас: Мацари направи неверојатна работа, му благодарам на Осимен!

5853

Мацари на првиот меч како тренер на Наполи успеа да дојде до победа и тоа после пресврт, а благодарение на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој во 79. минута на асистенција на Осимен ја затресе мрежата на Аталанта за конечни 1-2.

По победата, Елмас се најде во центарот на вниманието, тој го прокоментира мечот.

„Имавме промена на тренерското место и сега отвараме ново поглавје. Не беше лесно против Аталанта, но моравме да покажеме зошто сме шампиони. Си ветивме сами на себе дека мора да победиме. Можевте да видиме дека бевме сплотени, затоа го добивме овој дуел“, рече Елмас.

Македонскиот репрезентативец потенцира дека Мацари за неколку дена направил неверојатна работа со тимот.

„Мацари веднаш ни подаде рака. Тој направи неверојатна работа овие денови“, рече Елмас не заборавајќи да му се заблагодари на својот соиграч на асистенцијата: 

„Му благодарам на Осимен, голот го постигнав поради неговата асистенција“. 

ПретходноБеласица го прогласи судијата Левески за играч на мечот, Вардар Н. со реакција: Боли а?
СледноНеочекуван јунак го однесе Арсенал на врвот во Премиер-лигата (ВИДЕО)