Клоп во свој стил ја искоментира серијата на Сити

231

Манчестер Сити и Ливерпул денеска од 13:30 часот ќе го одиграат големото дерби на англиската Премиер-лига.

Двете екипи кои се борат за првото место ќе ги одмерат силите во директен дуел, а разликата на табелата е само еден бод во корист на Сити.

Во последните пет натпревари Сити победи три пати и беше поразен само еднаш, додека Ливерпул нема пораз на последните пет меча, со три победи. Се јасно кажува дека не очекува вистински спектакл, а тоа го најави тренерот на гостите Јирген Клоп.

Тој истакна дека е запознаен со фактот дека Сити има 23 последователни победи на домашен терен, а потоа со својот коментар ги насмеа сите.

„Знам само едно. Колку подолго трае серијата, толку е поголема шансата да биде прекината“, изјави Клоп во свој стил.

Сити годинава победи на секој натпревар на домашен терен, последен пат не дојде до триумф во декември минатата година кога ривал им беше Евертон, мечот заврши 1-1.

ПретходноМетоди Максимов: Не криеме дека сакаме победа во Штип!
СледноВМФЛ: Лидерот на мегдан со Тетекс, Детонит го дочекува Охрид а Пелистер мора до бодови против Башкими