Македонија е една од петте најскапи репрезентации кои нема да играат на ЕП 2024!

1389

Според вредноста на фудбалерите во репрезентациите, Македонија е во ТОП 5 европски селекции кои не успеаја да изборат пласман на завршницата на Европското првенство во Германија следната година.

Најскапата репрезентација која нема да игра на претстојното ЕП е Норвешка, која има селекција вредна 335 милиони евра. Веднаш зад нив е Шведска со национален тим вреден 207 милиони евра, па Р. Ирска која во моментов има фудбалери во селекцијата кои на пазарот „тежат“ 161 милион евра.

Русија која е под суспензија е четврта со вредност од 157 милиони евра, па следува Македонија. Нашата репрезентација е во ТОП 5 листата на репрезентации кои нема да играат на континенталното првенство догодина, а проценетата вредност на тимот на Милевски е 55 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Матч ТВ (@matchtv_channel)

ПретходноКФСМ ќе биде организатор на две европски од „Б“ дивизијата
СледноШвајцарија се кандидира за домаќин на ЗОИ во 2030 и 2034 година