Македонските ракометарки убедливи на првата контрола со Велика Британија (ФОТО)

136

Македонската женска ракометна репрезентација, ЕХФ неделата ќе ја заврши со два пријателски меча против селекцијата на Велика Британија. И двата натпревари се од затворен карактер, а се играат во СЦ „Јане Сандански“.

На овој собир беа повикани 22 ракометарки кои настапуваат во домашното првенство. На првата средба „црвено-жолтите“ славеа убедлива победа од 36-17. Овие средби се добредојдени во продолжение за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2024 година. Нашите ракометарки веќе се на добар пат да заверат место, бидејќи имаат две победи во исто толку одиграни натпревари.

ПретходноКРАЛОТ е на колена: Синер го победи Новак, Италија – Србија сега е 1:1!
СледноЊукасл со четворка го “поздрави“ Челзи! (ВИДЕО)