Хорхе Мартин победи попладнево на спринот во Валенсија и со тоа ја намали предноста на Пеко Бањаја на само -14 поени во пресрет на утрешната трка, последна сезона, на која ќе се решава кој ќе биде светски првак во Мото ГП.
Мартин иако стартуваше од шестата позиција, сепак дојде до победата. Франческо Пеко Бањаја стартуваше како вторм, но заврши како петти.
Почетокот на трката на која ќе се решава победникот за оваа сезона е закажан за утре во 15 часот.