Во нов спектакуларен меч од Премиерлигата, од 13.коло, Манчестер Сити и Ливерпул одиграа 1:1 на “Етихад“, и тоа на радост на Арсенал во битката за титулата.
Момците на Гвардиола поведоа со голот на Халанд во 27.минута. Сити доминираше, имаше повеќе од играта, но така беше се до 80.минута кога по асистенција на Салах, Александер – Арнолд израмни на 1:1. По тој момент Сити тргна со сите сили по нов гол, имаше и закани, но сепак на крајот ова мега – дерби заврши без победник со тие 1:1.
Сега Сити има 29 бода, Ливерпул 28 а Арсенал 27 но и меч помалку. Нема што се вжештува битката за титулата, ако се знае и Тотенхем е тука со 26 бода и меч помалку.
GoaL! | Manchester City 1-1 Liverpool | Trent Alexander-Arnoldpic.twitter.com/8dN5wWLTHd
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 25, 2023