На МЗТ Скопје му требаше една четвртина за го демолира Чаир 2030 (ФОТО)

221

МЗТ Скопје ја запиша осмата победа оваа сезона во Првата лига, откако на домашен терен го совлада Чаир со 91-58. Гостите беа рамноправен противник две четвртини по што актуелниот македонски првак одигра трета четвртина за паметење.

На средината на вториот период, кошаркарите на Чаир 2030 со серија од 9-0 дојдоа до водство од 19-25. Ова момент кога се разбудија браќата Војдан и Дамјан Стојановски, го повлекоа тимот и со серија 12-0 дојдоа до позитива од 31-25 на две минути до крајот на полувремето. На одморот резултатот беше 33-28.

Во продолжение следеа црни минути за Чаир. Во третата четвртина кошаркарите на МЗТ Скопје доминираа во сите сегменти, дадоа 32 поени, а примија само пет (65-33), за крај на сите дилеми на оваа средба. До крајот се чекаше само крајниот резултат.

Танасковиќ постигна 21 поен, по 11 имаа Робев и Дамјан Стојановски, додека десет запиша Миловановиќ. На другата страна Мустафица, Мофит и Реџа имаа по десе поени.

На останатите средби: Еуро Никел беше подобар од ТФТ на домашен терен со 66-65, Гостивар загуби од Академија со 90-92, Кожув загуби од Работнички со 84-90.

ПретходноДами и господа Елиф Елмас: Дијамантот му донесе победа на Наполи (ВИДЕО)
СледноДејвис Куп: Ѓоковиќ загуби два меча во еден ден, Италија преку Србија до финале