Неочекуван јунак го однесе Арсенал на врвот во Премиер-лигата (ВИДЕО)

781

Арсенал имаше исклучително тешко гостување во 13. коло од Премиер-лигата, гостуваше кај Брентфорд и на крајот со многу мака победи со 1:0.

„Топџиите“ беа подобриот тим во текот на целиот натпревар. Сепак, во одредени моменти правеа неразбирливи грешки кои можеа скапо да ги чинат.

Во 42. минута голот на Леандро Тросард беше поништен поради офсајд. На пауза се отиде без голови, а во продолжение Арсенал со сите сили се обидуваше да дојде до три бода.

Брентфорд одлично се бранеше, дури имаше и големи шанси да поведе. По сето ова, Арсенал во 88. минута Арсенал дојде до три бода. Херојот е малку неочекуван – Каи Хаверц. Германецот по одличното додавање на Сака и постигна гол за 1:0.

Трите бода ги однесоа „топчиите“ на врвот на табелата со 30 бодови од 13 натпревари, следат Манчестер Сити со 29 и Ливерпул со 28 бодови.

ПретходноЕлмас: Мацари направи неверојатна работа, му благодарам на Осимен!
СледноБорец ја доби драмата со Јанта Волеј, Работнички достојно парираше во Струмица