Никогаш потежок ден за Ѓоковиќ: Јас сум трагичарот!

643
Фото: PRINTSCREEN/INSTAGRAM/TSS

Дефинитивно тежок ден за Новак Ѓоковиќ. Денеска претрпе два порази, прво загуби меч кој имаше можност лесно да го заврши против Јаник Синер, а потоа промаши клучни удари и во двојки.

Српскиот тенисер на прес-конференцијата по мечот во двојки и елиминацијата од Дејвис Купот за малку ќе заплачеше. Ноле целосно ја превзема одговорноста, не сакаше да зборува за идните планови дали повторно ќе игра за Србија или ќе стави крај на репрезентативна кариера.

“Не знам, за мене е најголемо задоволство и чест да играм за мојата земја. Следната година е далеку. Во моментов главата ми е ’жешка’ после се. Им благодарам на тренерот, стручниот штаб, на тим, сите, за создавање одлична атмосфера. Не бодреа, секој се трудеше да го даде својот максимум. Секој има улога во тимот, секој придонесе. Виктор рече, една топка, еден шут недостасуваше за финалето. Таа топка беше моја. Морам да преземам одговорност. Јас сум трагичарот, што да правам, така е“, рече Ѓоковиќ.

ПретходноОхрид го дoби дербито со Тиквеш
СледноПеп по дуелот со Дарвин: Ништо не се случи! Клоп: Јас не сум тој кој што треба да објаснува! (ВИДЕО)