Новото коло тргнува во Василево, дербито во понеделник во Тетово

91

Со натпреварот меѓу екипите на Сушево и Весна Пробиштип стартува 7. коло од домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Екипата на Весна Пробиштип влегува како фаворит на денешниот дуел, но домашните ќе се обидат да освојат уште некој бод и да го поправат пласманот на табелата.

Дербито на колото е закажано за во понеделник со пренос на националниот сервис, а во него Универзитет во Tетово го пречекува Штип УДГ. В сабота ќе биде интересно на дуелот меѓу Јанта Волеј и ГОК Борец, додека Струмица е суперфаворит на средбата со Работнички, исто како и Лирија против Вардар.

Прва лига – мажи / 7. коло

ВЧЕРА: 

19.30 Сушево – Весна Пробиштип

САБОТА: 

12.00 Јанта Волеј – ГОК Борец

16.00 Шкендија – Македонија Џио

18.00 Лирија – Вардар

18.00 Струмица – Работнички 71&22

ПОНЕДЕЛНИК: 

19.00 Универзитет во Тетово – Штип УДГ

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (18); 2. Штип УДГ (15); 3. Лирија (14); 4. Универзитет во Тетово (12); 5. Работнички 71&22 (12); 6. Шкендија (9); 7. Весна Пробиштип (9); 8. Борец (6); 9. Јанта Волеј (6); 10. Сушево (4); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноВМФЛ: Лидерот на мегдан со Тетекс, Детонит го дочекува Охрид а Пелистер мора до бодови против Башкими
СледноВо одлична атмосфера ракометарките ја завршуваат ЕХФ неделата (ФОТО)