Дерби мечот во групата А помеѓу ГРК Охрид и ГРК Тиквеш му припадна на домашниот состав кој славеше со 36-31. Со новите бодови Стевче Алушовски и неговите момци останаа во игра за второто место на табелата.
Охриѓани не им дозволија на кавадарчани да им ги расипат сметките, имаа контрола на резултатот. Поведоа со 3-1, 4-2. На другата страна гостите израмнија на 6-6 и 8-8. На оваа игра Алушовски имаше решение, неговите момци пред крајот на првото полувреме успеа да направат солидна предност од 15-11.
Во второто полувреме, ГРК Охрид заигра уште посигурно, поведе со 22-16. Домаќинот не застана тука, во еден момент поведе со 32-23. Тиквеш на оваа средба успеа само да се спаси од убедлив пораз.
Орјоникидзе постигна осум, додека Шешиќ седум погодоци кај победникот. Во редовите на гостинскиот состав, Стефановиќ имаше седум погодоци.
На останатите две средби, но од групата Б, Прилеп беше подобар од Мулти Есенс со 34-31. Дебитантот на одморот водеше со 16-19. Додека пак Пролет и Голден Арт одиграа без победник 24-24.