За малку тепачка ќе избиеше по дербито во ПЛ кога вербално се пресметуваа Пеп Гвардиола и напаѓачот на Ливерпул, Дарвин Нуњез. Уругваецот беше многу нервозен, но целата ситуација ја спаси Јирген Клоп кој го тргна својот фудбалер.
На пресот по мечот Пеп не сакаше премногу да елаборира:
“Ништо не се случи“ кусо објасни менаџерот на Сити.
Додека Јирген Клоп истакна:
“Јас не сум тој што треба да објаснува. Искрено не разбрав ниту еден збор“.
По се изгледа дека Пеп и Дарвин си кажале нешто на Шпански, ако веќе Германецот не разбрал.
Nunez and pep beefing
— ArsenalForLifeFc 🔴⚪ (@AFC_Nedu) November 25, 2023