Шкендија со убавиот гол на Дашмир Елези во 22.минута има водство од 0:1 на гостувањето кај Брегалница во Штип. И покрај студеното време, сосема солиден фудбал проследивме во првите 45.минути од првиот меч од 15.коло во ПМФЛ.
Тетовци во 4.минута преку Красничи можеа да поведат, ама и Брегалница по шутот на Роналдо можеше да дојде во водство во 8.минута, но голманот на гостите Талески фантастично одбрани.
Во 26.минута при водство од 0:1, Шкендија преку Красничи од слободен удар можеше да го удвои водство, но Давков го одбрани тој шут од слободен удар.