Никола Јокиќ одигра уште еден меч за паметење во НБА лигата. Српскиот репрезентативец против Хјустон зад своето име запиша 38 поени, 19 скока, осум асистенции и три украдени топки, но за жал ваквиот учинок не беше доволен за победа. Денвер загуби на гости кај Хјустон и тоа убедливо со 105:86.
Кај Хјустон прво име беше Алперен Шенгун или „Бејби Јокиќ“. Шенгун кој има само 21 година заврши со 21 поени, 15 скока, осум асистенции и две украдени топки. Младиот турски кошаркар успева да се радува на последните три меча против Јокиќ.
Nikola Jokic vs Alperen Sengun in a win for the Rockets:
38 PTS 21 PTS
19 REB 14 REB
8 AST 8 AST
14/31 FG 8/19 FG
3/8 3PT 0/4 3PT
7/11 FT 5/6 FTSengun has won the last 3 matchups!🔥 pic.twitter.com/qI3tVep0MP
— NBA Muse (@NBAMuseAcc) November 25, 2023
Резултати: Орландо – Бостон 113:96, Мемфис – Феникс 89:110, Њујорк – Мајами 100:98, Торонто – Чикаго 121:108, Индијана – Детроит 136:113, Милвоки – Вашингтон 131:128, Минесота – Сакраменто 111:124, Голден Стејт – Сан Антонио 118:112, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 106:116.