Швајцарија објави дека сака да аплицира за организација на Зимските олимписки игри во 2030 и 2034 година.
Швајцарците имаат идеја да ги организираат игрите на веќе постоечките арени и објекти низ целата земја. Исто така, беше најавено дека Игрите ќе бидат целосно финансирани од приватниот сектор.
Швајцарија двапати беше домаќин на Зимските игри и двата пати домаќин беше Сент Мориц. Тоа беше во далечните 1928 и 1948 година.
Солт Лејк Сити, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2002 година, исто така е кандидат за Зимските олимписки игри во 2030 година.